Дома Настани Уредување тротоар кон Клиничка болница – Штип
Уредување тротоар кон Клиничка болница – Штип
Четврток, 27 Септември 2018 12:02

Trotoar-bolnica-01Градежната офанзива продолжува во секој дел од градот, а денеска се наоѓаме на улицата „Тодор Коларов“, на потегот кон Клиничка болница – Штип. Во овој дел во моментов екипите на ЈП „Стипион 2011“ работат на реконструкција на постоечкиот тротоар, кој беше во прилично лоша состојба.

Станува збор за тротоар кој го користат пациентите или нивните роднини, а којшто откако ќе биде уреден и реконструиран, ќе биде вистински безбедна опција за пешаците.

„Потегот кон Клиничка болница, Trotoar-bolnica-02еден од најважните, витални објекти во градот и во источниот регион, клиничката болница ќе биде централна за овој регион за голем број пациенти. Затоа, Општина Штип во рамки на нашите ингеренции да работиме на инфраструктурата околу целиот круг на болницата. Токму затоа веќе работиме на изведба на овој тротоар.

Овој тротоар е со должина од 316 метри и површина од 722 квадратни метри. На градежните активности работат екипите на ЈП „Стипион 2011“, а Општина Штип ја плаќа  оваа реконструкција, која чини околу 764.000 денари.

Го заживуваме овој дел од градот и се заложуваме пешаците кои се движат во овој дел на градот да бидат безбедни учесници во сообраќајот,“ истакна градоначалникот Бочварски.

И овој тротоар се реконструира како резултат на средбите со граѓаните, кои укажаа на потребата од негово уредување.

Продолжуваме со посветена и темелна работа во корист на граѓаните. 

Trotoar-bolnica-03

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize