Дома Настани Средба со министер за надворешни работи, Никола Димитров
Средба со министер за надворешни работи, Никола Димитров
Понеделник, 10 Септември 2018 16:27

Minister FA-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со министерот за надворешни работи во Влада на Република Македонија, Никола Димитров. На средбата, Бочварски и Димитров разговараа за тековните активности кои се дел од инфраструктурната офанзива во Општина Штип, како и за капиталните проекти кои се во фаза на реализација.

„Поради активностите на Влада на РМ и на министерот за надворешни работи во изминатиов период, Македонија успеа да се придвижи напред во дел на решавање на повеќедеценискиот спор и конечно придвижување на државава во правец на евроатлантските интеграции и затоа мораме да оддадеме целосна почит за тоа што е направено досега, во изминатите година дена. За Општина Штип, но и за другите Општини, приближувањето кон Европската Унија е многу важно. Со тоа ќе влезе свеж капитал во Општините, ќе се отворат нови работни места, ќе настане конкуренција кај работодавачите со што и природно ќе растат платите.

Еден од крупните капитални Minister FA-02проекти којшто е планиран за Штип за наредниот период е пречистителната станица заедно со санација на колекторскиот систем. Тоа е инвестиција во висина од околу 22 милиони евра, инвестиција којашто Општина Штип ќе може да ја реализира со помош од ЕУ. Токму затоа Општина Штип е подготвена и во моментов кога ќе добиеме ваков грант ќе влеземе во реализација на овој важен проект за градот,“ изјави градоначалникот Бочварски.  

„Благодарност до градоначалникот и градот Штип за убавото добредојде. Мене работата ми е во областа на надворешните работи и немам често прилика да одам низ Македонија, низ градови и села. Меѓутоа надворешната политика во септември ни е дома, и во смисла на чести посети на високи гости, и во смисла на тема и фокус на домашната јавност. За мене ова е многу корисно, да се запознаам со локалните проблеми, коишто не се неповрзани и со надворешната политика. Ако имаме еден консензус од 1991 година наваму во Република Македонија, тоа е дека нашата иднина се НАТО Алијансата и ЕУ. Многу години доцниме со прогрес кон ова. Пред два дена прославивме 27-ми роденден на 8 Септември, 27 години од Референдумот од ’91 година. Ако тој референдум значи нешто - значи завет Македонија да биде независна, суверена, самостојна и успешна држава. Имаме шанса на 30 септември да ја ставиме последната цигла од нашата државност. Minister FA-03Борбата не е помеѓу политички партии, борбата е за иднината на државата, за иднината на сите граѓани, за иднината на децата, на следната генерација,“ посочи министерот Димитров.

По одржаната средба, градоначалникот Бочварски и министерот Димитров заминаа во посета на повеќе здруженија, а во текот на денот ќе остваруваат средби со граѓани на повеќе локации во Штип. Во 19 часот градоначалникот Бочварски и министерот Димитров ќе бидат панелисти на граѓанска трибина во населбата Автокоманда, кај спортското игралиште. 

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Септември 2018
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize