Дома Настани Увид во градежни активности на игралиште во населба Блок 70
Увид во градежни активности на игралиште во населба Блок 70
Среда, 25 Јули 2018 11:59

IgralisteBlok70-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности на игралиштето во населба Блок 70. 

Еден од приоритетите на Општина Штип е создавање на квалитетни услови за спорт и рекреација за граѓаните

,,Денес се наоѓаме во Блок 70IgralisteBlok70-02 во ова познато игралиште во кое изминативе дваесет години немаше никакво вложување и е целосно руинирано. Затоа решивме да започнеме со реконструкција на ова игралиште со што ќе го доведеме до една добра состојба, се со цел младите луѓе овде  кој што ги има повеќе да рекреираат.

ЈП Стипион изработи проект за реконструкција на ова култно место овде во Блок 70.

IgralisteBlok70-03Реконструкцијата чини 2.400,000 денари со вклучено ДДВ, во кои се предвидени поставување на ново игралиште за кошарка и ново игралиште за одбојка. Овде ќе имаме два терени,ќе биде заменето осветлувањето на рефлекторите, нови огради, пристапни патеки и нови клупи.

Веќе поставивме овде реквизити од десетте активни зони за рекреација и спортување така што ова игралиште ќе го добие вистинскиот лик.

Во ова ново време на технолошки напредок, ова е вистински начин да создадеме услови младите да рекреираат.

Она што е интересно овде е тоа што веќе се јавуваат граѓани, правни и физички лица кои што сакаат да дадат поддршка на ЈП Стипион и на Општина Штип да излезат во пресрет со свои средства и да донираат во изработката на овој терен за спортување на луѓето'' изјави градоначалникот Благој Бочварски.

 ,,Површината на теренот за кошарка изнесува 400 м2 , а за одбојка 280м2

Првата фаза е планирано да заврши за десетина дена''

посочи директорот на ЈП Стипион, Сашко Протогеров.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize