Дома Настани Реализирана посета на Општина Стражица во Република Бугарија за проект од Програмата „Европа за граѓаните“ финансиран од Европска Унија
Реализирана посета на Општина Стражица во Република Бугарија за проект од Програмата „Европа за граѓаните“ финансиран од Европска Унија
Понеделник, 25 Јуни 2018 12:54

Strazhica-01Делегација од Општина Штип ја посети Општина Стражица и учествуваше во реализација на проектните активности од проект од Програмата „Европа за граѓаните“ финансиран од Европска Унија. Делегацијата ја сочинуваа:

- директори на три општински основни училишта: „Димитар Влахов“, „Тошо Арсов“ и „Гоце Делчев“, како и наставен кадар од петте општински основни училишта;

- Претставници од ООУ „Ванчо Прќе“ и ООУ „Славејко Арсов“;

- Ученици од ООУ „Димитар Влахов“;

- Претставници на фолклорна група;

- Наставен кадар и ученици од СОУ „Коле Нехтенин“ - Угостителска струка;

- Претставници - спортисти од боречки клуб;

- Претставници од Совет на млади на Општина Штип;

- Претставници од Општина Штип: Марина Митревска - соработник за ЛЕР одговорна за реализација на проектните активности, Соња Николова - советник за основно образование, Марија Џонова Попова - советник за предучилишно образование и Беами Шекиров - Општински центар за социјални услуги. 

Претставниците од Општина ШтипStrazhica-02 имаа можност да се запознаат со повеќе сегменти од работењето на Општина Стражица, меѓу кои и економија, финансии и хуманитарни дејности. Претставниците од Општина Штип ја презентираа работата на Општината во сите нејзини сегменти.

По презентациите за Општините, присутните се запознаа со културните, образовните и економските потенцијали на општините и се даде добра основа за работата во групи. Работата во групи беше организирана во четири групи и тоа: образование; култура; социјални дејности, здравство и мацински прашања; млади.

Strazhica-03Во сите групи се разви плодна дискусија и се разменија искуства за работата на институциите, установите и невладините организации по соодветни области и се разменија контакти и поставија солиден почеток за идни соработки по соодветни програми од Европската Унија.

Во рамки на посетата беше реализирана и Македонска вечер, на која беа презентирани штипски и македонски обичаи, македонската кујна, македонскиот фолклор и сл.

Преставниците од Општина Штип и нивните домаќини од Општина Стражица учествуваа во неколку дебатни сесии посветени на европските вредности и нивното имплементирање во функционирањето на институциите, но и во секојдневното живеење. Беа повторени заложбите на двете земји за побрз интеграциски процес, во којшто се вклучени и локалните самоуправи.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Ноември 2018
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize