Дома Настани Спектакуларно отворање на триесет и третото издание на Штипско културно лето
Спектакуларно отворање на триесет и третото издание на Штипско културно лето
Петок, 29 Јуни 2018 20:23

SKL-1На извонреден начин вечерва беше отворено триесет и третото издание на Штипско културно лето. Елена Голомеова, француски сопран од Штип, вечерва на сцената на којашто за прв пат настапи на „Весело Штурче“, ја отвори најстарата културна манифестација во нејзиниот роден град. Голомеова живее и работи во Франција, каде е долгогодишен промотор на македонската култура.

На отворањето на триесет и третото издание SKL-2на ШКЛ присуствуваше и францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, којшто претходно оствари средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

„Со особена чест денеска се обраќам пред сите вас, на отворањето на една од најстарите штипски културни манифестации, Штипско културно лето.

Сакам да изразам голема благодарност до сите вас кои денеска сте тука да го проследите отворањето на триесет и третото по ред Штипско културно лето, а со тоа да дадете поголем сјај на уште еден од низата културни настани во нашиот град.

Посебен акцент на ова Штипско културно лето ќе даде нашата сограѓанка, сопранот Елена Голомеова којашто ќе ја има можноста со свој настап свечено да го означи почетокот на Штипско културно лето за 2018 година. Затоа во свое име и во име на граѓаните на општина Штип изразувам голема благодарност за одвоеното време и укажаната чест од страна на Елена Голомеова.

SKL-3Почитувани граѓани, Штипско културно лето оваа година има богата културна програма составена за најразлични вкусови од која јас искрено се надевам дека граѓаните ќе бидат задоволни.

Триесетина денови кои ни следуваат заеднички ќе имаме можност да проследуваме различни концерти, изложби, театарски претстави, промоции на книги изведувани од врвни изведувачи. Во следните триесетина дена институциите како Дом на Култура „Ацо Шопов“, Дом на Млади и штипски Безистен ќе бидат преполни од граѓани што ќе даде посебен сјај на овој настан и уште едно потврдување во очите на јавноста дека Штип има богата култура и традиција.

Градот под Исарот, градот на текстилот, градот на познатиот фестивал Макфест и на уште многу други културни настани и манифестации денеска ја продолжува традицијата.

Преполната сала денеска е голем мотив за нас, да во иднина продолжиме со организирање и надградување во големата културна програма за општина Штип.

Чест е да се биде градоначалник на ваков град, центар на истокот и репер за многу општини во Република Македонија.

За крај, упатувам искрена SKL-4благодарност до сите вас кои денеска сте присутни и ви посакувам убава вечер проследувајќи го првиот ден од програмата на Штипско културно лето за 2018 година,“ истакна во својот поздравен говор градоначалникот Бочварски.

На отворањето на Штипско културно лето присуствуваа многу граѓани на Штип, меѓу кои и советниците во Совет на Општина Штип, директори на јавни претпријатија, а исто така присуствуваа и градоначалниците на Општините Делчево, Карбинци и Македонска Каменица.

Во рамки на Штипско културно лето се бројни настани коишто ја збогатуваат културната понуда за граѓаните на општина Штип.

На 30 јуни (сабота) во ОМЦ „Киро Глигоров“ Штип со почеток во 20:30 часот е изложбата „Урбан пејсаж“ на Катерина Деспот.

На 2 јули (понеделник) во ОУК Дом на млади со почеток во 20:30 часот ќе се случи промоција на „Енциклопедија на македонската рок музика“

На 3 јули (вторник) во УГ „Безистен“ Штип со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концертот Viva bel kanto на студенти во класа на Б. Трајанов.

Истиот ден во ОУК Дом на млади со почеток во 22:00 часот ќе се одржи концерт на групата Mooger Fooger.

На 4 јули (среда) во Народен театар Штип со почеток во 20:00 часот ќе се одржи театарската претстава „Амадеус“.

На 5 јули (четврток) во УГ „Безистен“ со почеток во 20:30 часот ќе се одржи вечер на современи соло песни со сопран Виолета Арсовска и Марија Максимова на пијано.

На 6 и 7 јули (петок и сабота) во Радио кафе Канал 77 со почеток во 20:30 часот ќе се одржи вториот интернационален фестивал на камерни хорови и пејачки групи (Градски хор Штип).

На 9 јули (понеделник) во ОМЦ „Киро Глигоров“ со почеток во 20:30 часот ќе се одржи изложба на студентите на Ликовната академија при УГД Штип.

На 10 јули (вторник) во ОУК Дом на млади со почеток во 20:30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Пити Бој“ од Благица Ефремова.

На 11 јули (среда) во ОУК Дом на млади со почеток во 22:00 часот ќе се одржи концерт Jazzna.

На 12 јули (четврток) во ПД „Вртешка“ со почеток во 20:30 часот ќе се одржи традиционалниот хепенинг „Вртешка“.

На 13 јули (петок) во УГ „Безистен“ со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концерт Музичка разгледница Trio Grazioso.

На 14 јули (сабота) во ОУК Дом на млади со почеток во 22:00 часот ќе се одржи концертот на Јаков & бенд.

На 30 јули (понеделник) во ОУК Дом на млади со почеток во 22:00 часот ќе се одржи изложба на фотографии „ШТ рок подиум“.

Влезот на сите културни настани коишто се во рамки на триесет и третото издание на Штипско културно лето е бесплатен за сите граѓани.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Септември 2018
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize