Дома Настани Одбелeжување 105 години од Брегалничка битка
Одбелeжување 105 години од Брегалничка битка
Недела, 01 Јули 2018 15:07

Bregalnicka bitka-1Денеска беа одбележани 105 години од Брегалничата битка во месноста Каленица во Штип. На одбележувањето присуствуваа претставници од српската амбасада, државниот секретар во Министерството за труд, социјална политика и боречки права при Влада на Република Србија, членови на здруженија, организации и сл.

На одбележувањето, свое обраќање,Bregalnicka bitka-2 меѓу другите, имаше и градоначалникот Бочварски:

„Оваа битка треба да служи како поука за тоа како народите на Балканот не треба да се однесуваат.

Bregalnicka bitka-3Она што треба секојдневно да го правиме е да подадеме рака секому и да се бориме против поделбите. Да имаме разбирање меѓу себе, да соработуваме и секогаш да имаме на ум дека богатството што Македонија го поседува е во различностите, а убавината е во обединувањето на тие различности. Сега е време да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт, кои се во спротивност со нашите и европските вредности. Наша должност и одговорност треба да бидат интересите на сите граѓани без исклучок. Ни требаат оптимизам, смиреност и одговорност, почит за минатото, но и одлучен чекор кон подобра иднина.

Да работиме на решавање на споровите и проблемите, да избираме решенија што обединуваат. Да учиме од историјата, а не да ја повторуваме. На темелите од минатото да градиме иднина,“ истакна во својот говор градоначалникот Бочварски.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Септември 2018
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize