Дома Настани Настан „На секое дете му треба семејство“
Настан „На секое дете му треба семејство“
Вторник, 26 Јуни 2018 06:48

Semejstvo-02Денеска во Штип се одржа настанот „На секое дете му треба семејство“, којшто е дел од кампањата која има за цел да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов.

„ Оваа кампања е добар показател за заложбите на Владата на Република Македонија да се обезбеди дом и семејство за секое дете на кое му е потребно, тоа можеме заеднички да го постигнеме преку многу инвестиции и поттикнување на вакви настани и дебати. Општините треба активно да се вклучат во заложбите на Владата и соодветните институции и да помогнат во реализирање на ваквите идеи.

Општина Штип ќе се заложи за ширење и унапредување на оваа кампања која треба да даде многу позитивен бенефит, ќе се заложи за ширење на локалните мрежи на згрижувачи и преку локални мерки ќе го олесниме овој процес, што ќе даде многу подобар резултат.

Во моментот на двеста деца помали од три години живеат одделно од своите родители и од своите семејства, живеат без родителска љубов и грижа во институциите кои се соодветни за ваквите дечиња.

Оваа бројка во иднина мора да се намалува бидејќи децата се нашата иднина и сите подеднакво заслужуваат сигурен дом, многу љубов и родителска грижа.

Прекрасно е чувството денеска да се биде на еден ваков настан организиран на отворено, каде секој граѓанин ќе може да ги слушне мислењата на претставниците од државните институции и да даде свои идеји и предлози со што ќе придонесе да се мобилизираат поголем број на згрижувачки семејства.

Прекрасно е чувството кога се помага на најмладите,Semejstvo-01 на иднината на оваа држава. Кога едно дете нема свое семејство и семеен мир, треба сите како колектив да стапиме на сцена за да му помогнеме во растот и развојот. Посакувам да се мобилизираат доволен број згрижувачки семејства кои имаат љубов за давање на децата кои се во моментот сместени во големи институции и да се обезбеди создавање широка мрежа семејства што се подготвени да ги отворат своите срца и домови за децата на кои им треба згрижување во иднина,“ истакна во своето поздравно обраќање градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На настанот присуствуваа и претставник од Министерство за труд и социјална политика, Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ и директорката на ЈУ МЦСР Штип, Сузана Цветкова.

Semejstvo-03

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Септември 2018
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize