Дома Настани Настан „Future of Europe Reload“
Настан „Future of Europe Reload“
Среда, 20 Јуни 2018 14:23

FutureofEuropeReload-01Денеска Општина Штип учествуваше во проектот Future of Europe - Reload“. Настанот започна во 10:00 часот во ОМЦ „Киро Глигоров“ во Штип каде свое поздравно обраќање имаше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, а потоа свое претставување имаа и градоначалниците од градовите од седум различни земји-членки во Европската унија и тоа од:Aksakovo(Бугарија), Setubal (Португалија), Ozarow Mazowiecki (Полска),Nughedu Santa Vittoria (Италија), Victoria (Романија), Monserrat (Шпанија).

„Денеска имаме можност како град да бидеме домаќини на Меѓународната конференција Future of Europe – Reload, којашто е дел од проектот „Обединета Европа“, во којшто Штип е вклучен заедно со градови од шест земји – членки на Европската Унија. Општина Штип е домаќин на делегации од градовите: Монтсерат во Шпанија, Викторија во Романија, Сетубал во Португалија, Нугеду Санта Виторија во Италија, Озаров Мазовиецки во Полска и Аксаково во Бугарија. Во рамки на денешните активности се одржаа сесиите “We are proud to be Europeans”, односно „Горди сме што сме Европјани“ и “Euroscepticism and its role for the future of Europe”, односно „Евроскептицизмот и неговата улога за иднината на Европа,“ изјави градоначалникот Бочварски.

На денешниот настан присуствуваше и амбасадорот од Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец кој исто така имаше свое обраќање на тема „Горди сме што сме Европјани“. На овој настан свое обраќање имаа и д-р Блажо Боев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов на тема „Евроскептицизам и неговата улога за иднината на Европа“. Како завршен дел од настанот беше заедничкиот ручек и посета на тврдината Исар.

FutureofEuropeReload-02

FutureofEuropeReload-03 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Јули 2018
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize