Дома Настани Информативен настан за програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2018 година
Информативен настан за програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2018 година
Четврток, 14 Јуни 2018 12:05

RuralenRazvoj-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, со поздравен говор го отвори информативниот настан за програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2018 година.

„Денеска се организира една презентација во врска со проектите коишто ги нуди Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Агенцијата за рурален развој. Градоначалниците и претставниците на локалните самоуправи од регионот, претставниците од Центарот за развој на источен плански регион и сите служби коишто работат на оваа проблематика од општините од овој регион ќе можат да се запознаат подобро со мерките коишто се нудат за поддршка на руралниот дел од општините. Источниот плански регион има 11 општини и  голем број населени места коишто се рурални и затоа се особено важни овие мерки,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Унапредувањето на руралните средини и земјоделието е особено значајно и воедно е голем предизвик кој води кон перспективен живот во сите краеви на нашата држава.

Општина Штип досега има користено во повеќе наврати средства од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку достапните мерки.

Кога станува збор за руралниот развој, подеднакво значајни и корисни се сите три мерки:

-      Мерка 321 – Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини

-      Мерка 322 – Обнова и развој на селата

-      Мера 323 – Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

Во состав на Источниот регион влегуваат 11 општини, по текот на реката Брегалница. Во поглед на урбанизираноста, регионот е поделен на 217 населени места, од кои 209 места се карактеризирани како рурални населби кои се соодветни за аплицирање за средства од Програмата со цел подобрување на квалитетот на живот во руралните средини.

Информативниот настан е организиран од страна на Центар за развој на источен плански регион и Бизнис центар за поддршка на консултативни услуги за МСП во ИПР. На него присуствуваа претставници од општините во источниот плански регион, како и претставници од Агенцијата за Финансиска Поддршка во Земјоделието и Руралниот Развој.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Септември 2018
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize