Дома Настани Потпишан договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Влада на РМ и Општина Штип
Потпишан договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Влада на РМ и Општина Штип
Среда, 06 Јуни 2018 13:50

dogovor-OStip-Vlada-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, и министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, остварија средба во Штип.

При тоа беа отворени повеќе актуелни прашања во однос на иселениците од Штип, но и како може да се унапреди начинот на комуникација и соработка со нив.

На средбата помеѓу градоначалникотdogovor-OStip-Vlada-2 Бочварски и министерот Адеми беа воспоставени начелата на соработка помеѓу двете институции на чие чело се и беше договорено заеднички да работат. Градоначалникот Бочварски и министерот Адеми потпишаа договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на Република Македонија и Општина Штип.

Главна цел е преку потпишувањето на овој договор да се овозможи отворање Канцеларија за соработка со дијаспората. Оваа dogovor-OStip-Vlada-3Канцеларија ќе ги врши работите кои се однесуваат на административно-технички работи за грижа на иселениците, односно истата ќе треба да одржува комуникација со дијаспората со потекло од општина Штип, да ја информира дијаспората по однос на одредени прашања, како и да асистира во зголемување на ефикасноста при комплетирање на административни постапки и решавање на административни проблеми од различен карактер со кои се соочуваат претставниците на дијаспората, како на пример: вадење лични документи, постапки во областа на трудот и социјалната заштита, информирање за одредени закони или промени во законските решенија, информирање за можностите за инвестирање, како и информирање за конкретни културни настани кои би биле од интерес за граѓаните од дијаспората кои престојуваат во соодветната општина.

„Правиме еден крупен исчекор во насока на подобрување на условите за сите наши граѓани коишто живеат надвор од Република Македонија. Сакаме да придонесеме да имаат побрзи и подобри услуги во моментот кога тие граѓани ќе се вратат овде, во Република Македонија,“ изјави градоначалникот Бочварски.

„Денеска со градоначалникот dogovor-OStip-Vlada-4Бочварски потпишавме прв ваков договор за соработка во областа на дијаспората. Драго ми е што таа идеја која ја почнавме денеска можеме да ја ставиме во правна рамка и верувам дека многу скоро таа канцеларија ќе биде целосно во функција на сите оние наши граѓани кои живеат и работат во дијаспора, а сега летото веројатно ќе дојдат во Штип и околината и ќе можат тие неколку дена додека се тука да се посветат повеќе на семејствата, а помалку на бирократијата,“ посочи во неговата изјава министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.

Канцеларијата за соработка со дијаспората ќе соработува со иселениците од Република Македонија кои се на постојана или привремена работа надвор од Република Македонија.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize