Дома Настани Асфалтирање делница Шашаварлија – Кошево
Асфалтирање делница Шашаварлија – Кошево
Вторник, 05 Јуни 2018 12:38

asfalt-Sasavarlija-Kosevo-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Боочварски, изврши увид на градежните активности поврзани со асфалтирање на локалниот пат Шашаварлија – Кошево – Почивало, од кој со овој проект се асфалтира делница од 1 километар.

Локалниот пат се асфалтира по сите стандарди за изведба.

Вкупната инвестициона вредност на проектот по најповолната понуда изнесува 5.897.640 денари.

„Со ова завршуваме еден поголем проект за изградба на локален пат од еден километар, којшто води од Шашаварлија кон Кошево, со што продолжуваме да градиме инфраструктура во делот на локални патишта кон последното село Почивало,asfalt-Sasavarlija-Kosevo-2 коешто е на територија на општина Штип. Ова значи дека жителите на овие населени места ќе имаат пристојни услови за живот, ќе донесеме патна инфраструктура до нивните домови. Но, ова е многу важно и за сите жители на општина Штип, коишто кога ќе се изгради инфраструктурата, ќе имаат можност почесто и поредовно да патуваат и да го посетуваат овој убав предел од нашата општина. Вредноста на овој проект е околу 5.900.000 денари и се работи за локален пат од 1 километар. После завршувањето на оваа делница, ќе бараме средства и ќе проектираме продолжување на делницата кон село Кошево и село Почивало. Се насочуваме не само кон централното градско подрачје, каде што гледате дека се градат поголем број градежни зафати, но и на овие рурални места коишто се пооддалечени од централното градско подрачје, со тоа што придонесуваме за рамномерен регионален развој на ниво на територија на општина Штип“, посочи градоначалникот Бочварски.

asfalt-Sasavarlija-Kosevo-3asfalt-Sasavarlija-Kosevo-4

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize