Дома Настани Резиме на реализираното во изминатите шест месеци
Резиме на реализираното во изминатите шест месеци
Вторник, 29 Мај 2018 13:48

rezime=6 meseci-3Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, пред медиумите, а со тоа и пред целата јавност, даде осврт на сработеното од почетокот на мандатот.Во презентацијата којашто медиумите имаа можност да ја проследат, градоначалникот зборуваше за реализираните објекти, но и за оние чијашто реализација тече, како: гасификација на општина Штип, изградба на брана на река Отиња, изградба на нова детска градинка, изградба на платформа за паркинг, проектирање реконструкција со доградба на трибини на градски стадион, решение за сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, финализирање прва фаза на обиколницата и продолжување со втора фаза на истата, бројни инфраструктурни потфати. Градоначалникот Бочварски зборуваше и за активностите на јавните претпријатија, како и за промовираните мерки, проекти, иницијативи, средби и останато.

„Општина Штип и локалните rezime=6 meseci-2институции сега работат домаќински и внимаваат на секој денар од народните пари. Како пример за ваквото посветено и финансиски внимателно работење се заштедите коишто ЈП „Исар“ ги оствари во само првото тромесечје од оваа година. Станува збор за заштеди од 3.700.000 денари. Изведени се над 780 метри нова водоводна линија и над 160 метри нова канализациона мрежа, а реконструирани се над 150 метри водоводна линија и над 160 метри канализациона мрежа. Се асфалтираат нови патишта, се обновува и санира постоечката патна инфраструктура за моторни возила, а се работи и на обновување и изградба на патна инфраструктура за пешаци. Се работи првенствено на доследна и темелна изработка на сите активности, со акцент на квалитетна и трајно добра изработка. Темелниот пристап кон решавањето на проблемите и обезбедувањето квалитетна и долготрајна инфраструктура останува приоритет на оваа локална власт, на чијашто реализација сите заеднички работиме,“ истакна, меѓу другото, во своето обраќање градоначалникот Бочварски.

 

 rezime=6 meseci-1

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Ноември 2018
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize