Дома Настани Присуство на отворање ресурсен центар за граѓански организации
Присуство на отворање ресурсен центар за граѓански организации
Вторник, 29 Мај 2018 12:26

resursen centar-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на отворање на Ресурсен центар за граѓански организации, на коешто имаше и свое поздравно обраќање.

„Ми претставува особено задоволство што денеска имам можност да присуствувам на отворањето на Ресурсен центар за граѓански организации во нашиот град. На отворањето и функционирањето на овој центар гледам како на особено позитивна вест за граѓаните од нашиот град, па и од нашиот регион, затоа што очекувам овој центар да обезбеди позитивна клима за развивање граѓански активизам. Имено, очекувам овој центар да обезбеди услови за да се зајакнат капацитетите и информирањето на граѓанските активисти и нивните организации, а заедно да понудиме платформа за соработка на граѓанскиот сектор со институциите.

Граѓанските организации се resursen centar-2важен фактор во градењето и одржувањето на демократијата во општественото живеење и Општина Штип тоа го препознава и поддржува во рамките на своите надлежности.

Зајакнувањето на капацитетите на граѓанските организации значи унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање добро владеење, што придонесува кон значително подобрување на животниот стандард. Овој начин на работа допира до различни сегменти од општественото живеење, што на долг рок создава силно, самоодржливо и активно граѓанско општество. А, од тоа имаме корист сите,“ истакна градоначалникот Бочварски во неговото обраќање.

 resursen centar-3

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Септември 2018
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize