Дома Настани Активирање на урбани заедници
Активирање на урбани заедници
Понеделник, 28 Мај 2018 12:45

opstina-stip-zgrada-3Урбаните заедници повторно се интегрираат и вклучуваат во работата на Општина Штип. Во изминатите неколку години урбаните заедници биле во целост запоставени и оставени да служат само на хартија. Општина Штип сега се залага за нивно обновување и континуирано одржување.

Урбаните заедници повторно ќе бидат ставени во функција. Ваквиот начин на организирање на локално ниво овозможува демократско и поефикасно исполнување на граѓанските интереси. Согласно Статутот на Општината, највисок орган на урбаните заедници е Советот избран од граѓаните. Советот на урбаните заедници има мандат од четири години, а во изминатиот период преку транспарентна постапка беа избрани нови раководства, односно нови членови и претседатели на Советите на урбаните заедници. Преку Советот на урбаната заедница, граѓаните можат да даваат иницијативи и предлози кои се од јавен или локален интерес до надлежните органи во Општината.

Новата локална власт предводена од градоначалникот Бочварски се залага за тоа Општина Штип да биде отворена Општина. Тоа подразбира општинските службеници да бидат постојано во служба на граѓаните, како и секогаш да има некој што ќе ги слушне нивните проблеми, барања, сугестии. Граѓаните знаат дека за таа цел можат да се обратат и во кабинетот на градоначалникот и кај неговите советници, а исто така и да одржуваат закажани индивидуални средби.

Но, освен преку средби во општинските простории, граѓаните ќе можат да остваруваат средби со градоначалникот и во урбаните заедници. Граѓаните нема да мораат да доаѓаат во просториите на Општина Штип, туку градоначалникот Бочварски ќе доаѓа во нивните заедници и ќе остварува заеднички средби со нив, на коишто ќе може да ги слушне сите проблеми, барања и предлози коишто тие ги имаат за него. Средбите со граѓаните на ниво на урбани заедници најчесто ќе се случуваат во попладневните часови, за да можат сите граѓани да имаат можност да присуствуваат на нив. За средбите, граѓаните ќе бидат информирани преку раководствата на урбаните заедници, преку дневните билтени на Општината и преку социјалните мрежи.

Со ова повторно после долг период урбаните заедници се ставени во функција. На тој начин се продлабочува соработката и комуникацијата со граѓаните, што е и главна цел во вршењето на оваа јавна служба.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Ноември 2018
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize