Дома Настани Акција „Пролетно чистење и уредување“ во населба Пребег
Акција „Пролетно чистење и уредување“ во населба Пребег
Петок, 04 Мај 2018 14:19

cistenje Prebeg-1Денеска акцијата „Пролетно чистење и уредување“ продолжува во населбата Пребег. Во овој дел од градот денеска се екипите на ЈП „Исар“ коишто ги косат зелените површини, а исто така се и екипите на ЈП „Стипион 2011“, коишто вршат неколку активности. Имено, денеска во населбата Пребег, екипите на ЈП „Стипион 2011“ работат на поставување на оградата на игралиштето. Оваа ограда беше оштетена заради неповолните временски услови и силните ветришта во изминатиот период. Нашите екипи во неколку прилики доаѓаа за да направат санација на оградата, а сега, во пресрет на летото, тоа го правиме за да им овозможиме на жителите на оваа населба, особено на најмладите, да се занимаваат со спорт, спортски активности и на тој начин да уживаат во летните денови што претстојат.

Во оваа населба исто така ќе биде направена и замена на улични светилки. А, за информација за граѓаните, ЈП „Стипион 2011“вршеше замена на улични светилки и во селата на територија на општина Штип, со тоа што во селата Софилари, Брест и Љуботен веќе се заменети светилките, а денеска се заменуваат уличните светилки во село Лакавица.

cistenje Prebeg-2

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Октомври 2019
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize