Дома Настани Одбележани 17 години од загинувањето на бранителите Димитар Двојаковски и Влатко Петров
Одбележани 17 години од загинувањето на бранителите Димитар Двојаковски и Влатко Петров
Четврток, 03 Мај 2018 13:30

braniteli-1Денеска Општина Штип го одбележа денот на загинувањето на бранителите Димитар Двојаковски и Влатко Петров. Делегација на Општина Штип положи цвеќе на споменикот на бранителите во месноста К’р Теке, а присуствуваа и делегации од Совет на Општина Штип, гарнизонот на АРМ во Штип, политички партии, како и семејствата на загинатите.

Свое обраќање имаше претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов:

Овде сме за да им оддадеме почит на бранителите,braniteli-2 но и за да испратиме порака дека нивната пожртвуваност не била залудна.

Овде сме за да им оддадеме почит на бранителите, но и на нивните најблиски, зашто тагата треба да се сподели, но и за да им кажеме дека нивните жртви и дела нема да бидат заборавени.

На денешен ден, точно пред 17 години во 2001 во воениот конфликт нашите сограѓани Влатко Петров и Димитар Двојаковски го дадоа својот живот за одбрана на нашата татковина. Тие се меѓу првите загинати во воениот конфликт.

braniteli-3Војните и меѓусебните немири и раздори се далеку зад нас и нѐ обврзуваат да се сеќаваме на тие немили настани, да се сеќаваме, за да не ги повторуваме, бидејќи секој заслужува мирен и достоинствен живот. Денес, во 21 век, одлика на денешнината треба да биде мирот, сакањето, почитта и соживотот, за тоа се боревме и кон тоа ќе се стремиме.

Нашите другари и сограѓани Влатко Петров и Димитар Двојаковски, починаа без да умрат, бидејќи секогаш ќе се сеќаваме на нивниот придонес за нашата држава.

Благодарноста кон нивното дело секогаш ќе биде премала во споредба со нивната саможртва втемелена во идината на својата татковина,“ истакна претседателот на Совет на Општина Штип, Миланов.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Октомври 2019
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize