Дома Настани Одржана средба помеѓу градоначалникот Благој Бочварски со заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Пол Едвардс
Одржана средба помеѓу градоначалникот Благој Бочварски со заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Пол Едвардс
Понеделник, 15 Јануари 2018 13:56

Sredba-UK1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Пол Едвардс. На средбата градоначалникот и заменик-амбасадорот разговараа за тековните активности и проекти на Општина Штип, инфраструктурните подвизи за целосен и еднаков развој на целата територија на општината, како и напорите на новата локална администрација да обезбеди поквалитетен живот на штипјани, чиста вода за пиење, еколошки безбедна животна средина и сл.

Градоначалникот Бочварски истакна Sredba-UK2дека меѓу приоритетите е гасифицирањето на Општина Штип, што ќе придонесе за големи енергетски заштеди и еколошки чиста средина.

Заменик-амбасадорот Едвардс ги поздрави напорите на новата локална администрација да го развива дијалогот со граѓаните преку дебати на ниво на урбани заедници за формирање на буџетот за 2018 година, како и неодамнешната дебата за изнаоѓање сообраќајни решенија. Новиот концепт на новата локална власт за Општина отворена за сите граѓани беше поздравен и охрабруван за во иднина.

 Sredba-UK3

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Јуни 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize