Дома Настани Средба на градоначалникот со претставници на НДИ и „Рома С.О.С“ за приоритети за Ромската заедница - Детектирани шест главни проблеми за Ромите
Средба на градоначалникот со претставници на НДИ и „Рома С.О.С“ за приоритети за Ромската заедница - Детектирани шест главни проблеми за Ромите
Четврток, 23 Ноември 2017 14:32

ndi-1 resizeГрадоначалникот на Штип, Благој Бочварски и претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов денес имаа средба со претставници на НДИ и на ромското здружение „Рома С.О.С“ во врска со проекти за подобрување на состојбата на Ромската заедница во градот.

- Јас ги информирав претставниците на овие ndi-2 resizeорганизации дека во тек е изготвување на буџетот за 2018 година, почнуваме со дебати со урбаните заедници и граѓаните за да ги слушнеме нивните потреби. Овие средби ни олеснуваат, бидејќи ни ги кажуваат најголемите потреби и истите да ги нотираме, кои се клучните точки каде треба да правиме проекти. Побарав поддршка од нив, ние како општина ќе одвоиме буџетски средства но сакаме и тие да помогнат, за да дојдеме до поддршка од невладини организации од странство, кои ќе помогнат во реализација на тие проекти.Верувам дека сорбаотката ќе продолжи и дека ќе го подобриме животот на сите граѓани - изјави градоначалникот Бочварски.

ndi-3 resizeМесиме Салиоска од здружението „Рома С.О.С“ напомена дека тие веќе соработувале во минатиот период со локалната самоуправа во Штип:

- Сакаме да воспоставиме уште поголема соработка, за да помогнеме во решавање на дел од приоритетните проблеми на Ромската заедница во Штип. Ние лани спроведовме истражување и ги идентификувавме приоритетите а тоа се: уличното осветлување, нерегулираниот сообраќај, хигиената во населбата, образованието и бездомништвото а постојат и дел од населбите кои се надвор од ДУП.За тоа и разговаравме, со градоначалникот, во плановите за идната година да се лоцираат буџетски средства за да се направат проекти по овој основ и да им ја подобриме состојбата на Ромската заедница во Штип.

На оваа прва средба, таа му посакаа успешна работа на Бочварски како нов градоначалник на Штип.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Август 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize