Дома Настани Штипската Клиничка болница доби донација од 200.000 евра
Штипската Клиничка болница доби донација од 200.000 евра
Четврток, 23 Ноември 2017 14:09

bolnica-1Клиничка болница-Штип доби нова донација во опрема и помагала во вредност од 200.000 евра, а која ја обезбеди шведската Невладина организација „Хенд Тил Хенд“, преку брачниот пар Розенгрен. Марија Розенгрен вели дека ова е четврта донација, а се заблагодари на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски кој се ангажирал за да донацијата пристигне побргу во болницата.

-Можам да речам дека градоначалникот bolnica-3беше многу успешен во оваа работа, заради тоа што тој ни помогна со логистиката за транспортот. Новиот менаџерски тим, директорот, главната сестра помогнаа за сите други работи во врска со донацијата, вели Розенгрен.

Директорот на Клиничика болница-Штип, Ален Ѓорѓијев вели дека донацијата се состои од болнички кревети, инвалидски колички, хирушки и гинеколошки апарати.

-Најпрвин ќе направиме технички прием, попис на опремата, а ќе биде доставена до оние одделенија, каде што е најмногу потребна. Ова е голем придонес, уште еден чекор за осовременување на здравствената заштита и бенефит за сите пациенти кои ги користат услугите на нашата клиничка болница, рече Ѓорѓијев.

bolnica-4Штипскиот градоначалник, Благој Бочварски истакна дека координацијата и за оваа донација ја направи Алекдандар Арсовски вработени во Општина Штип.

-Јас и во иднина ќе продолжам да работам на ваков начин, на транспарентен, каде што секоја поддршка и помош која што може да послужи во нашите институции ќе биде добредојдена, кажа Бочварски.

Во штипската Клиничка болница досега преку брачниот пар Розенгрен се пристигнати опрема и помагала во вредност од околу еден милион евра.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Август 2019
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize