Дома Настани Општината и здруженијата „Сплотени срца“ и „5 до 12“ ќе работат на проект за Регионален центар за рехабилитација на деца со посебни потреби
Општината и здруженијата „Сплотени срца“ и „5 до 12“ ќе работат на проект за Регионален центар за рехабилитација на деца со посебни потреби
Вторник, 21 Ноември 2017 12:44

centar1 resizeПретставници на здруженијата „Сплотени срца“ и “5 до 12“ денес имаа прва официјална средба со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. Тие ги пренесоа своите барања и предлози со кои ќе се помогне на оваа категорија на граѓани. Побараа утврдување на локација на која ќе се гради Регионален центар за рехабилитација на деца со посебни потреби со можност прво да се пронајде постоечки објект кој би бил преадаптиран за оваа намена:

- Најитно е да видиме дали има постоечки капацитет кој може да се преуреди во Центар за рехабилитација на деца со посебни потреби, пред се заради финансиски причини. Најважно е што се договоривме да соработуваме и заедно да се бориме за оваа цел. Странските фондации и грантови ни зависат како родители и здружение од поддршката од општината. Се надеваме дека за 2-3 години ќе го имаме овој регионален центар. Ние сме оптимисти бидејќи конечно ќе видиме светло на крај на тунелот.Општината ќе помогне со наоѓањето на капацитетот, објектот, а доколку нема таков капацитет ќе треба да се определи земјиште за изградба на нов објект, но јас се надевам дека ќе најдеме постоечки капацитет. Во опција е и дел од касарната во Шип каде би бил сместен овој центар. Овој центар ќе биде спас за нашите фамилии, за нашите деца, и сите деца со посебни потреби не само што ќе бидат рехибилитирани, туку оние кои се пофункционални ќе си го пронајдат и вработувањето, изјави Зоран Мијалков од здружението „Сплотени срца„.

Градоначалникот Бочварски вети комплетна поддршка од локалната самоуправа:

- Ние вакви средби имавмеcentar2 resize и претходно но денес и конкретно почнуваме соработка и немав дилема дека треба да се помогне бидејќи се работи за една категорија на луѓе за кои ние како општина мораме да излеземе во пресрет. Разговаравме за повеќе модалитети и ги слушнав нивните размислувања, еден од приоритетите е подолгорочен и ќе биде потребно 4-5 години за негова реализација. Затоа треба да почнеме со пократкорочни проекти преку кои заедно ќе имаме и прифатливи решенија но и кога ќе погледнеме наназад ќе имаме задоволство од тоа што е направено.Второто решение за кое можеме да размислуваме е да определиме постоечки капацитет, со потребна квдартура и да го средиме по европските практики и критериуми.

Градоначалникот најави поддршка преку буџетот во рамките на можностите на локалната самоуправа но најави и поддршка преку странски донации и од други градови, преку добри практики со кои ќе се бара поддршка за нешто вакво.

Општината и здруженијата треба да потпишат и меморандум за соработка, но градоначалникот најави дека останува отворен за соработка и без него а најави дека од службите во општината ќе побара да земат учество и да дадат размислување во поглед на објектот, на локацијата и се друго што е поврзано со оваа идеја.Тој најави и поддршка за родителите за нивна едукација и обука со цел да стекнат подобри знаења за работа со нивните деца.

centar3 resizecentar4 resize

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Декември 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize