Дома Настани Средба на градоначалникот и претседателот на Советот со Центарот за управување со кризи
Средба на градоначалникот и претседателот на Советот со Центарот за управување со кризи
Четврток, 16 Ноември 2017 11:31

cuk1Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и претседателот на Советот, Јане Миланов денес имаа средба со претставници на Центарот за управување со кризи за Штип и Карбинци. Ова е прва средба со цел запознавање на новата локална самоуправа со надлежностите на ЦУК:

- Ние се ставивме на располагање на ЦУК со нашите ресурси и разменивме информации за тоа како би функционирале, како би одела сета комуникација во услови на кризи. Важно е како ќе тече таа комуникација , како ќе реагираме и соработуваме за да избегнеме поголеми последици од можни елементарни непогоди.cuk2 Ова е прва средба и мислам дека ги поставивме темелите на идната соработка. Советот на Општина Штип работи на сите документи, како што се стратегии и планови за наша реакција, заедно со буџет за таа намена, но најважна е комуникацијата и координацијата за да имаме побрза реакција - кажа градоначалникот Бочварски.

Од ЦУК кажаа дека комуникацијата со Општината е клучна за брза реакција во услови на криза:

cuk3- На средбата со градоначалникот и претседателот на Советот ги запознавме со целите и задачите на овој систем за управување со кризи.Дадовме и наши забелешки за подобрување и проширување на координацијата.Имаме одредени недостатоци за функционирањето, а тоа се пред се материјално-технички и човечките ресурси, пополнетоста со луѓе. Затоа и имаме постојана комуникација за да ја подобриме ситуацијата во системот иако не сме доволно екипирани - напомена Драган Веселинов, од ЦУК.

Според него, ова тело располага само со едно возило, кое не е доволно за успешно вршење на нивната работа посебно во ситуации како што се поплавите и пожарите.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Септември 2019
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize