Дома Настани Обука на тема „Инклузија на ученици со оштетен вид“
Обука на тема „Инклузија на ученици со оштетен вид“
Вторник, 17 Април 2018 12:39

obuka InkluzijaUcenici-1Денеска во просториите на Општина Штип, во голема сала, се одржа обука на специјални едукатори на тема „Инклузија на ученици со оштетен вид“. На обуката присуствуваа претставници од Општина Штип, како и раководителот на Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот, Шпетим Љатифи.

На почетокот од обуката, воведно обраќање имаше Билјана Казанџиска, во својство на претставничка на Општина Штип, како раководителка на секторите заobuka InkluzijaUcenici-2 образование, јавни дејности и ЛЕР.

„Општина Штип со целосна поддршка и во согласност со политиките на Влада на Република Македонија е посветена на инклузија на децата кои покажуваат одредени разлики од каков било вид, во сите сфери на општественото живеење, а во тие рамки и во воспитно-образовниот процес. Во оваа категорија спаѓаат и децата со проблеми во видот. Тежината на ваквите обуки се согледуваат од реалноста, од секојдневието, особено што живееме во услови на интензивна компјутеризација на процесот на учење, во која видот на детето станува особено чувствителна категорија. Раното детектирање на нарушувањето на видот е од особено значење, бидејќи претставува чекор кон спречување или навремено санирање на аномалиите од овој вид.

obuka InkluzijaUcenici-3Општина Штип како локална самоуправа особено внимание посветува на процесот на инклузија на децата со посебни потреба и во тие рамки активно ги следи сите активности кои се преземаат во овој дел.

Ние ќе ја продолжиме воспоставената комуникација и практика, која е во насока на остварување плодна соработка и успеси. Ресурсниот центар во ООУ „Гоце Делчев“ Штип, каде децата со оштетен вид посетуваат дополнителна настава прилагодена за нивните потреби со соодветни ресурси е само доказ за нашата успешна соработка, во чијшто дух ќе продолжиме и понатаму,“ истакна Казанџиска.

На обуката се зборуваше за процесот на инклузија во Република Македонија, улогата на ресурсните центри во инклузивниот процес, карактеристиките на учениците со оштетен вид, процената на функционален вид и карактеристики насоките за водење слепа личност, како и за стратегии за работа со ученици со оштетен вид и индивидуален образовен план. Во оваа обука се вклучија претседателот на Сојуз на дефектолози на РМ, Горан Петрушев, професорот Буниамин Мемеди, професорката Ангелка Кескинова, како и психологот Соња Фортуманова.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Април 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize