Дома Настани Благој Бочварски ја презеде функцијата градоначалник на Штип
Благој Бочварски ја презеде функцијата градоначалник на Штип
Понеделник, 06 Ноември 2017 08:54

Bocvarski0Благој Бочварски и официјално е градоначалник на Штип. Тој денес го прими уверението и за првпат влезе во градоначалничкиот кабинет, но неговиот претходник Илчо Захариев не беше присутен на примопредавањето на функцијата:

- Во цела држава имаме примопредавање на функциите на демократски и цивилизиран начин, но тоа не се случи овде. Очекував мојот претходник да се појави и да ме запознае со состојбата на буџетот и проектите, но што е тука е, кажа новиот градоначалник Бочварски.

Неколку денови претходно, Bocvarski1Захариев писмено соопшти дека остава буџет со 4,3 милиони денари во него, 69 милиони побарувања и 6,6 милиони денари, тековни обврски.

Сепак, новиот градоначалник Бочварски уште за денес оддржа итен состанок со сите раководители и директори на јавните претпријатија, за изворно и од нив да ја слушне фактичката состојба.

Bocvarski2Приоритет е најголемото јавно претпријатие „Исар“ каде треба да се исплатат плати.Инаку, на својот прв работен ден како градоначалник на Штип, Благој Бочварски најави посветеност и одговорност во наредниот четиригодишен период:

- Верувам во успешна соработка со целата администрација, имаме многу проекти кои треба да се реализираат и со дополнителни нови идеи, ќе ја продлабочуваме нашата соработка и програма, за да на крај, по четири години да бидеме горди на сработеното, рече градоначалникот Бочварски.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Ноември 2017
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize