Дома Настани Продолжува акцијата „Пролетно чистење и уредување“
Продолжува акцијата „Пролетно чистење и уредување“
Вторник, 17 Април 2018 12:17

Balkanska cistenje-1Акцијата „Пролетно чистење и уредување“ продолжува и оваа недела, а на самиот почеток од неделата се опфатени населбите Балканска, Македонка и село Чардаклија.

Покрај своите тековни активности на целата територија на Општина Штип, ЈП „Стипион 2011“ заедно со другите јавни претпријатија се фокусирани во овој дел од градот. Екипи на ЈП „Стипион 2011“ вчера работеа на обележување на хоризонталната сигнализација во село Чардаклија и населбите Балканска и Македонка, како и на замена на улични светилки во овие населени места. Во селото Чардаклија Balkanska cistenje-2беа чистени диви депонии, а во населбата Македонка беа санирани прекопи.

Денеска продолжуваме со работа на уличното осветлување во населба Балканска.

Ова е продолжување на активностите поврзани со уредување и чистење на градот, преку коишто ќе бидат опфатени буквално сите делови од Штип. Акцијата започна минатата недела во населба Сењак, а продолжи и во населба Дузлак, каде минатиот петок екипи на ЈП „Стипион 2011“ чистеа диви депонии.

Balkanska cistenje-3

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2019
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize