Дома Настани Увид во работата на Препумпна станица Баби
Увид во работата на Препумпна станица Баби
Понеделник, 16 Април 2018 14:36

Prepumpna stanica-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во изведбата на водоводни елементи за водоводна линија за населбите Балканска, Македонка и с. Чардаклија. Во првата фаза ќе се изгради транзитна делница Препумпна станица – Балканска во должина од 1300 метри, која ќе чини повеќе од 16 милиони денари, од кои 8.500.000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Штип за 2018 г., а останатите од ЈП „Исар“.

„Ќе обезбедиме за 600 граѓани од оваа населба чистаPrepumpna stanica-2 и здрава вода за пиење од градскиот водовод. Веќе започнавме со изградба на 1300 метри водоводна линија до населба Балканска, којашто според нашите проценки ќе чини некаде над 16 милиони денари од кои 8.500.000 денари се од буџетот на Општина Штип, а останатите од ЈП „Исар“ Со ова покажуваме дека целосно се грижиме за животот и здравјето на граѓаните, за секој да има достоинствен живот во 21 век и затоа почнуваме со решавање на овие клучни проблеми за нормален живот на граѓаните на Општина Штип,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Prepumpna stanica-3Со овој чекор 600 жители од населба Балканска ќе добијат чиста и здрава вода за пиење. Со тоа, проблемот со водоснабдување конечно се решава трајно, а жителите повеќе нема да бидат изложени на ризик од заразни болести.

Како дополнителен придонес за граѓаните е и доизградбата на канализациона линија во должина од 350 метри, со што ќе се реши проблемот на повеќе домаќинства овде.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize