Дома Настани Општина Штип ќе воведе субвенциониран јавен градски превоз
Општина Штип ќе воведе субвенциониран јавен градски превоз
Петок, 13 Октомври 2017 08:22

opstina zgrada-2 resizeГрадоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев најави воведување на градски превоз, кој ќе биде еден вид на јавно-приватно партнерство со заинтересирани фирми на превозници, при што локалната самоуправа ќе субвенционира дел од патниот билет:

- Организирањето на јавен превоз во градот и приградските наслеби е важен проект за општината бидејќи ова е голем проблем за населението во Овчеполието, кон соседната општина Карбинци и во Лаквичко. Организацијата ќе биде направена на тој начин што локалната самоуправа ќе субвенионира 50% од автобуската карта. Ние веќе имаме и заинтересирани компании за тоа. Ќе имаме дневен превоз од Три Чешми, од Чардаклија секојдневно, како и од Стар Караорман, а ќе ја поврземе и општина Карбинци со секојдневен превоз од Таринци и Карбинци. Исто така ќе ги поврземе и населбите од градот, Баби, Сењак, Автокоманда со центарот на Штип, во делот на Лакавичко до селата ќе има секојдневен превоз а за Овчеполските села, Врсаково и Криви Дол ќе организираме превоз за време на викендите. Мислам дека на овој начин ќе се помогне и на учениците и на студентите и на пензионерите.

Според Захариев, ќе се помогне и на руралните места каде многу граѓани имаат земјоделски површини и ги обработуваат за време на викендите. Деталите за проектот се во завршна фаза иако според првичните размислувања:

- Линиите до центарот на Штип ќе одат на половина час, автбусот ќе кружи и ќе тргнува од одредена позиција, најверојатно од Трговскиот центар, па преку населбите Осми ноември, Автокоманда, Сењак, Дузлак и Баби и ќе прави круг.

Според Захариев, само со оваа линија ќе се поврзе највиталниот дел на градот каде живеат 30.000 луѓе.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Октомври 2017
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize