Дома Настани Захариев: На патот Штип-Радовиш ќе никне нова индустриска зона со локации за 18 фабрики
Захариев: На патот Штип-Радовиш ќе никне нова индустриска зона со локации за 18 фабрики
Четврток, 05 Октомври 2017 08:43

Pluzdino-ind-zonaОпштина Штип работи на отворање на нова индустриска зона за фабрики со што ќе овозможи нов импулс за развој во локалното стопанство.Ова денеска го најави градоначалникот на Штип, Илчо Захариев:

- Локалната самоуправа има голема одговорност за локалниот економски развој и отворање на нови фабрики.Еден од моите приоритети е вработувањето и утврдување на нови локации за нови фабрики. На локацијата „Плуждино“ ќе никне нова индустриска зона каде ќе имаме 18 плацеви за фабрики со површини од 5-6000 м/2.Имаме веќе заинтересирани инвеститори а самата зона е покрај патот Штип-Радовиш и таа ќе даде развојни потенцијали.

Според Захариев, планирано е и проширување на постоечките индустриски зони:

- Втората зона е Запад од фабриката на „Актива-аутомотив“, преку „Семак фешан“ се до Калимерово, каде на 350 хектари се предвидени над 350 локации за погони а меѓу другото и трговски центар и маркети. Ние ќе дадеме логистика и на траспортните фирми кои ќе бидат лоцирани тука. Истовремено планираме проширување на зоната во Три чешми која е до автопатот. Тука ќе има над 10 нови парцели а ќе ја прошириме и градската зона над Астибо до Лукоил со нови 10 локации. Се надеваме дека со ова ќе ги активираме нашите локални бизнисмени за проширување на работата на нови локации, со брзи одобренија за градба и комплетна поддршка од администрацијата а секако се надвеаме и на странски инвеститори.

Во Штип веќе функционира и државна ТИР зона во коај работата две странски инвестиции со над 2000 работници а во фаза на отворање е и третата инвестиција на италијански „Кондево“.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Октомври 2017
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize