Дома Настани Промоција на Оперативен план за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година
Промоција на Оперативен план за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година
Четврток, 05 Април 2018 14:03

OP vrabotuvanje-1Денеска во работна посета на Штип беа претседателот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев, и министерката за труд и социјална политика, кои заедно со градоначалникот на Општина Штип одржаа работна средба на којашто присуствуваа и работодавачи – претставници на бизнис заедницата од Штип. На работната среда се разговараше за Оперативниот план за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

„Оперативниот план веќе некое време е пласиран во јавноста и заинтересираните имаат можност да го разгледаат, но она што ние денеска го правиме е во насока на продлабочување на соработката со сите чинители во општеството, а со цел реализација на мерките од Оперативниот план. Со оваа стратегија се обезбедуваат нови работни места и се дава шанса на сите. Секоја од овие мерки е чекор кон справување со проблемот со невработеноста, којашто за нас е горливо прашање. Нашите сограѓани имаат право на пристојна работа со која ќе си обезбеди достоинствен живот. Затоа нашата заложба е да понудиме шанса за сите.

Согласно Оперативниот план, локалните самоуправи OP vrabotuvanje-2се особено инволвирани во процесот на негова реализација преку повеќе мерки. Конкретно, локалните самоуправи се инволвирани и преку мерката за обука за стручни квалификации според барања на работодавачите. Целта на мерката е да се обезбеди обука за стручни квалификации според барањата на работодавачите, а обуката ќе се реализира во тесна соработка со локалната самоуправа и спроведувачите на обуката. Целна група на оваа мерка се невработени лица од евиденцијата на АВРМ. Оваа мерка утврдува минимални критериуми за селекција на невработени лица, а според неа работодавачите вработуваат минимум 50% од лицата што успешно ја завршиле обуката и се должни да не го намалат бројот на вкупно вработени лица со полно работно време во период од шест месеци.

Понатаму, локалните самоуправи се вклучени во мерката „Поддршка за вработување инвалидни лица“. Од особено значење за локалните самоуправи е мерката за општинско-корисна работа, чија цел е зголемување на вработливоста преку работно ангажирање невработени лица, насочени кон обезбедување социјални услуги на локално ниво.

OP vrabotuvanje-3Локалните самоуправи се инволвирани и во реализацијата на мерката јавни работи, која е насочена кон вклучување невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво. Во делот „Услуги за вработување“ наведена е активација на Ромите. Станува збор за услуга насочена кон сите невработени Роми.

После денешните активности и работни средби, убеден сум дека сите општествени чинители ќе имаат можност да ги почувствуваат придобивките од овој убаво изработен Оперативен план, но и дека сите колективно ќе се придвижиме кон одржлив раст и развој и повисока стапка вработеност,“ истакна во своето воведно обраќање градоначалникот Благој Бочварски.

Работната средба беше плодна и успешна, а присутните на истата имаа можност да ги слушнат деталите и позитивните страни на новоизработениот Оперативен план.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize