Дома Настани Градоначалникот Захариев положи цвеќе на гробот на основоположникот на музичката култура во Штип, Сергеј Михајлов
Градоначалникот Захариев положи цвеќе на гробот на основоположникот на музичката култура во Штип, Сергеј Михајлов
Четврток, 21 Септември 2017 10:51

cveke-sergejГрадоначалникот на Штип, прим. м-р Илчо Захариев положи свежо цвеќе на гробот на Сергеј Михајлов основоположник на музичката култура и творецот на првите опери во Македонија и во Штип по повод 42 годишнина од неговата смрт. Под негова диригентска палка во Штип била изведена првата опера во Македонија, операта „ Палјачи “ во 1925 година, 23 години пред да биде поставена првата опера во Скопје во 1947 година. При тоа Захариев даде изјава за медиумите:

„ Музичката култура во Штип почнува да се развива од 1920 година кога по Октомвриската револуција доаѓа Сергеј Михајлов, еден од најпознатите музичари и композитори во тогашна Царска Русија. Тој е преставник на познатата руска школа. По неговото доаѓање во Македонија се основа музичко училиште во Штип. По една година учителствувал и во Гевгелија и во Прилеп , а потоа трајно се населува во Штип. До ден денешен тоа музичко училиште е најреномирано во Македонија. Денес имаме и факултет за музичка уметност, но мора да се каже дека кадрите што се образовале во ова училиште подоцна станале врвни музичари во светот и се членови на најпознатите филхармонии . Зачетник на нивната музичка култура е Сергеј Михајлов. Затоа ние мораме да му одадеме посебн почит и голема благодарност за неговиот 55 годишен живот во Штип. Тој дал многу за овој град и се што создал го оставил на овој град. Таквите личности не смееме да ги заборавиме. Покрај тоа што го одржуваме ова гробно место, покрај тоа што училиштето го носи неговото име мораме да направиме уште нешто за него. На пример да направиме една спомен биста која ќе стои во дворот на Музичкото училиште. Таквите личности кои се вложувале за овој град како Сергеј ги заслужуваат сите пиетети“ изјави градоначалникот Захариев.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Декември 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize