Дома Настани Посета на Дневен центар за деца со аутизам
Посета на Дневен центар за деца со аутизам
Понеделник, 02 Април 2018 13:13

Dneven centar-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, по повод Светски ден на лица со аутизам, го посети Дневниот центар за деца со аутизам во населба Пребег.

„Околу нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општествените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, од интеграција и инклузија во нашето секојдневие. Денеска е Светски ден на лица со аутизам и ова е одлична можност за сите да го насочиме нашето внимание токму кон напорите и обидите лицата со аутизам да ги вклучиме во секојдневните општествени процеси. Dneven centar-2Лично сум убеден дека секој што е различен од очекуваниот просек во средината и околината во којашто живее треба да биде одлично прифатен целосно интегриран во секојдневието. Изолирањето на лицата со аутизам во посебни места, локации и центри не е решение за никој. Лицата со аутизам треба да бидат дел од општественото секојдневие и со нив да го споделуваме секој сегмент од нашето живеење,“ истакна градоначалникот Бочварски во неговата изјава за медиуми.

Градоначалникот Бочварски на дечињата од Дневниот центар за деца со аутизам, како и на дечињата во посебната паралелка во ООУ „Ванчо Прќе“ им обезбеди неколку потребни помагала.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize