Дома Настани Оддржана седница на Совет на Општина Штип
Оддржана седница на Совет на Општина Штип
Петок, 01 Септември 2017 08:08

sovet-opstina-stip-2Се оддржа 56.тата седница на Советот на Општина Штип. Усвоена е Предлог-Одлука за давање согласност за зголемување на бројот на децата во групите во ОЈУДГ „Астибо“-Штип и во ЈУДОДГ „Вера Циривири-Трена“-Штип.

Исто така усвоена е и Предлог-Одлука за давање согласност за формирање на две паралелки со помал број на ученици во прва година во СОУ „Димитар Мирасчиев“- Штип во учебната 2017/2018 година а изгласана е и Предлог-Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Штип за 2017 година.

Советот ја усвои и Предлог-Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Штип за 2017 година, потоа кварталниот извештај за период од 01.01.2017 до 30.06.2017 година за Буџетот на Општина Штип за 2017 година како и Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на ФК „Кежовица“-Штип. Советот ја усвои и Предлог-Одлуката за одобрување на финансиски средства и за одобрување на финансиски средства на Ловно здружение „Ловец“-Штип како и барањето од Здружение на слепи лица од Штип.

Усвоен е и локалниот акционен план на Општина Штип во областа вработување,домување, образование, здравство и жената Ромка за период 2017-2020 година а отфрлена е стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2017-2027. Изгласана е и Предлог за член на управен одбор - претставник на Министерството за труд и социјална политика во ЈОУДГ „Астибо“ Штип и предлог за член на управен одбор - претставник на Министерството за труд и социјална политика во ЈУД-Општинска детска градинка „Вера Цири Вири Трена“Штип.

Усвоено е и барањето од Министерство за труд и социјална политика за номинирање на членови на управен одбор во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Штип а поддржана е и граѓанската иницијатива за распишување на референдум согласно стратегијата за прифаќање на бегалци на територијата на Штип.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Септември 2017
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize