Дома Настани Присуство на состанок за запознавање со проект „Можности за градење посилно граѓанско општество на локално ниво“
Присуство на состанок за запознавање со проект „Можности за градење посилно граѓанско општество на локално ниво“
Понеделник, 26 Март 2018 14:28

gragjansko opstestvo-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на состанок за запознавање и информирање на присутните за активностите и целите на проектот „Можност за градење посилно граѓанско општество на локално ниво“, на којшто присуствуваа министерот без ресор задолжен за имплементација на стратегијата за ромите во Р. Македонија, Аксел Ахмедовски и претставници од повеќе невладини организации и здруженија.

„Со особена чест сакам да истакнам дека gragjansko opstestvo-2Општина Штип и јас како градоначалник уште на самиот почеток добивме признание за најпријателска ромска Општина и најпријателски ромски градоначалник, факт кој доволно говори за заложбите коишто ги правиме за нашите сограѓани од ромската заедница. Концептот едно општество за сите, кој го најавуваме подолго време, веќе функционира и е поздравуван од сите граѓани.Сакам да ги поттикнам своите сограѓани роми во своите идеи, желби и предлози и да им најавам дека Општина Штип ќе им биде вистински сојузник во нивните предлози и проекти, за напредок и интегрирање во ова општество“ – во своето поздравно обраќање рече градоначалникот Бочварски.

gragjansko opstestvo-3„Посебно сум горд што денеска сум во Општината којашто е избрана за најпријателска ромска Општина, а градоначалникот Благој Бочварски за најпријателски ромски градоначалник. Јас како министер имам обврска да ги посетувам сите Општини, се со цел да ја развијам соработката помеѓу Општините и невладините ромски организации. Сметам дека ќе продолжи соработката помеѓу Општина Штип и невладините ромски организации и дека во иднина ќе се решаваат проблемите коишто ги засегаат Ромите“ – изјави министерот Ахмедовски.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Јули 2018
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize