Дома Настани Општина Штип успешно го реализираше планот за дезинсекција и дератизација за 2017 година
Општина Штип успешно го реализираше планот за дезинсекција и дератизација за 2017 година
Среда, 23 Август 2017 07:28

dezinsekcija-stipОпштина Штип утре преку овластена фирма, на територијата на општината ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 00 до 06 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

- Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети. Третирањето ќе се изведува со препаратот Aqua K-othrine 2 EW со активна супстанца Deltamethrine и со препаратот К-stop со активна материја Bacillus thuringiensis ssp.israelensis течен ларвицид – изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност.

Со ова е исполнет планот за дезинсекција и дератизација согласно акциониот план од програмата за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Штип за 2017 година.

- Успешно се спроведени пет ларвицидни дезинсекции и тоа во Април, Мај, Јуни, Јули и утрешната, потоа 5 Адултицидни дезинсекција, во Мај, Јуни, Јули, Август и последната која ќе биде во Септември а според планот имаме и две Дератизации од кои едната беше спроведеа во Мај и останува уште една во Септември – кажа Ристов.

Сите овие постапки чинат 350.000 денари, што е третина од предвидинети 1 милион денари кои општината ги планираше во буџетот, но бидејќи на аукцијата имаше значително намалување на цената тоа приодонесе да се заштедат поголем дел од средствата предвидени по овој основ.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Ноември 2017
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize