Дома Настани Активности по повод дваесет и втори март
Активности по повод дваесет и втори март
Понеделник, 19 Март 2018 14:28

aktivnosti-22martОпштина Штип и оваа година го одбележува дваесет и втори март како Ден на пролетта и празникот Свети четириесет маченици, како и обичајот кој меѓу народот е познат како Чет’рсе.

Станува збор за првиот македонски обичај кој влезе на светската листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство.

Уникатниот и исклучителен обичај Чет’рсе е значаен сегмент од културата на Штип и на Република Македонија. Особено важно за овој обичај е што истиот го чествуваат младите жители на Штип, без разлика на нивната верска или етничка припадност. Вклученоста на младите е показател дека овој вековен обичај ќе продолжи да ги обединува сите жители на Штип, а исто така и се вклучува во промоцијата на идејата за развој на инклузивно општество.

По тој повод, Општина Штип заедно со основните училишта, градинките и останатите институции, организира повеќе активности, започнувајќи од 20.03.2018 г. На 20 март во ОМЦ „Киро Глигоров“ ќе се одржи квиз-натпревар меѓу основните училишта во Штип и ООУ „Страшо Пинџур“ од Карбинци на тема „Чет’рсе – Навраќање на традицијата, пролетта е радост“.

На 21 март уште еден значаен ден, светски ден на поезијата, во НУБ „Гоце Делчев“ ќе се одржи литературно читање на творби од литературниот конкурс на истата тема. Конкурсот беше распишан пред десетина дена и на него со свои литературни творби се пријавуваат ученици од сите основни училишта во градот.

На 22 март во Дом на млади ќе се одржи хепенинг на кој ќе учествуваат основните училишта, градинките, балетските студија од градот, универзитетот „Гоце Делчев“, а ќе има и изложба на изработки од деца со посебни потреби. На истиот настан ќе бидат прогласени победниците од квизот, литературниот и ликовниот конкурс.

Хепенингот ќе продолжи со пригодна програма до крајот на денот. Ги покануваме сите граѓани да ги проследат овие настани.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Октомври 2019
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize