Дома Настани Оддржана седница на Совет на Општина Штип
Оддржана седница на Совет на Општина Штип
Четврток, 20 Јули 2017 12:00

sovet-opstina-stip-2Вчера се оддржа 55.тата седница на Советот на Општина Штип. Усвоена е Предлог-Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Штип за 2017 година, Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Штип за 2017 година и Предлог-Одлука за давање согласност на ценовникот на АМД услуги дооел Штип за превоз на оштетени возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта на Општина Штип.

Советот исто така ја усвои Предлог-Програмата за изменување на Програмата за активностите на Општина Штип од областа на спортот за 2017 година, потоа Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување урбана опрема на територијата на Општина Штип за 2017 година и Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за поставување на урбана опрема. Усвоена е и Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства на ФК „Брегалница АД 2008”-Штип, по што беа усвоени неколку Предлог-Одлуки за давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици во ООУ „Славејко Арсов,во ООУ „Тошо Арсов,во ООУ „Ванчо Прке, ООУ „Гоце Делчев“ и во СОУ „Славчо Стојменски“.

Усвоена е Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен оперативен план за вработување на Општина Штип за 2017 година, Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Штип за 2017 година и Извештај за извршување на одлуките на Советот на Општина Штип за периодот јануари-април 2017 година.

На крајот усвоени се Информација за извршување на надлежностите на градоначалникот на Општина Штип за периодот јануари-јуни 2017 година, Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства на БК„Балканец 2008“ Штип а беа поставени и немолку советнички прашања.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Август 2017
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize