Дома Настани Јавна презентација и јавна расправа за Боров Дол
Јавна презентација и јавна расправа за Боров Дол
Петок, 16 Март 2018 14:34

rasprava-Borov Dol-1Денеска се одржа јавна презентација и јавна дебата за локалитетот Боров Дол организирана од страна на Министерство за транспорт и врски и Министерство за животна средина и просторно планирање во големата сала во Општина Штип со почеток во 11:00 часот.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на оваа јавна дебата и имаше поздравен говор за настанот и за присутните.

„Мене ми е посебно драго rasprava-Borov Dol-2што денеска овде на оваа јавна расправа има многу учесници, многу институции поканети, Општина Штип е само една од сите поканети институции така што ќе ги слушнеме сите мислења и ова е добро и во насока на транспарентноста којашто ја заговараме и ја најавуваме во претходниот период, да ги слушнеме сите аргументи, да ги судриме сите ставови. Овде се и стручните луѓе од Општина Штип коишто работат во делот на животната средина, инспекторите за да на крај го добиеме и мислењето од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за транспорт и врски, според тоа ќе ги носиме нашите одлуки со ингеренциите коишто ги имаме“ - рече градоначалникот Бочварски.

rasprava-Borov Dol-3На оваа јавна дебата во Општина Штип беа поканети и претставници од: Клинички центар Штип; Центар за јавно здравје; ЈП „Стипион 2011“; ЈП „Исар“; ЈП „Серта“; УГД - Факултет за природни и технички науки; ЈП „Македонијапат“; Агенција за развој на земјоделие; Подрачна единица за земјоделие во Штип; Музеј на град Штип; месни заедници Брест и Лакавица; невладини организации; медиуми; МВР, СВР Штип; Шумска полиција; ТППЕ Штип; директори на средни и основни училишта; претставник од ИПР; Претседател на Совет на Општина Штип, советници во Совет на Општина Штип; пратеници во Собрание на Република Македонија; раководители на сектори и одделенија во Општина Штип; претставници од политички партии.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Јули 2018
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize