Дома Настани Во Штип пуштена во употреба шестата „Кока Кола Активна зона“ на Пивара Скопје
Во Штип пуштена во употреба шестата „Кока Кола Активна зона“ на Пивара Скопје
Вторник, 18 Јули 2017 11:48

kola1Во штипската населба 8 ми Ноември вечерва свечено е пуштена во употреба „Кока Кола Активна зона“ , која е донација од македонска компанија Пивара Скопје и компанијата Кока Кола. Штипјани без разлика на возраста можат да рекреираат во зоната во која има поставено шест справи. Директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче истакна дека минатата година беа отворени пет, а годинава предвидено е отварање на уште пет вакви рекреативно спортски зони низ земјава.

- Целта на проектот е да промовирамеkola2 активен живот и здрави животни навики. Во изминатите години отворивме, поточно минатата година отвориме пет вакви активни зони. Оваа година отвараме уште пет, вкупно десет. Почнуваме со шестата зона од градот Штип и ми е задоволство што од градот Шитип и од градоначалникот на општината добивме многу атрактивна локација. Ова е донација на Пивара Скопје и на компанијата Кока Кола и ни е задоволство на сите граѓани да им дадеме едно место, катче каде што сите граѓани ќе вежбаат, другаруваат и на крајот од денот ќе можат да рекреираат, бидејќи и тоа е целта на проектот, вели Патче.

Тој упати апел до граѓаните да ја чуваат и да се грижат за новата „Кока Кола Активна зона“.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев се заблагодари на компанијата Пивара Скопје, која што ја донираше и за штипјани и ја отвори новата „Кока Кола Активна зона“, а како што рече Захариев задача на локалната самоуправа е да создаде што повеќе места за граѓаните каде што ќе уживаат и рекреираат.

kola3- Најнапред ја направивме пешачката патека меѓу населбите „8 ми Ноември“ до „Ново село“, потоа направивме Финес зона благодарение на Агенцијата за млади и спорт, кај „Ново село“, потоа ја продолживме патеката уште неколку километри до населбата „Балканска“, кое претставува најпосетено место можеби во нашиот град,од рано наутро, напладне и навечер луѓето шетаат. Токму овде каде е почетокот на патеката кон населбата „Балканска“ е поставена новата Финес зона, финес парк со шест справи, каде ќе спортуваат најмладите, спортистите и постарите, вели Захариев.

Тој истакна дека новата „Кока Кола Активна зона“ освен за рекреирање е добра и за физичкото и ментално здравје, а очекува граѓаните на Штип да ја чуваат зоната. Тој најави дека општината има во план да отвори уште најмалку две вакви фитнес зони во населбите „Сењак“ и „Дузлак“ и да се збогатат содржините и во ЗОО паркот.

kola4kola5

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Декември 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize