Дома Настани Исчистени 4 километри од коритото на река Брегалница
Исчистени 4 километри од коритото на река Брегалница
Четврток, 13 Јули 2017 14:44

bregalnica-cistenje

Општина Штип и градежната компанија „Бетон“-Штип завршуваат со чистењето на речното корито на реката Брегалница. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор во Општина Штип , Тоше Ѓорѓиев на денешната прес-конференција информираше дека над четири километри од коритото на реката Брегалница се исчистени, отстранети се паднати дрвја, а на одредени места извршена е и регулација на реката согласно планот, но и законската обврска која ја имаат,   со цел да не се поплавуваат населби и земјоделски површини.

-Од речното корито на Брегалница градежните машини се селат на реката Лакавица. Таму ќе бидат исчистени околу 400 метри на преминот меѓу селото Лакавица и селото Пухче, каде што во иднина општината има намера да изгради премин, цеваст пропуст на реката, а преку кој без проблеми ќе се движат жителите на двете села, вели Ѓорѓиев.

Чистењето на речните корита е подржано од Министерството за локална самоуправа, кое на општината и доделува нафта за градежните машини кои ги чистат коритата, а оваа година Општина Штип дополнително за оваа акција издвои еден милион денар. Ѓорѓиев смета дека чистењето на коритата на реките се покажа како успешно, бидејќи на оние места каде што е исчистено корито нема излевање на реките.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Август 2017
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize