Дома Настани Најавена инвестиција од 40.000 евра во штипското образование
Најавена инвестиција од 40.000 евра во штипското образование
Среда, 12 Јули 2017 09:15

stip1Во текот на летниот распуст Општина Штип ќе инвестира 40.000 евра во реконструкција на три основни училишта. Соња Николова од Одделението за обарзование во Општина Штип на денешната прес-конференција вели дека по изградбата на спортската училишна сала за ООУ „Славејко „Арсов“ во населбата Баби од страна на Владата и на Агенцијата за млади и спорт следен чекор е на општината да инвестира во греењето на салата.

-За таа намена Општина Штип ќе инвестира во купување на парен котел, кој што е неопходен, а исто така ќе се поврзи и со парната инсталација, која е во спортската сала. Притоа ќе биде изграден и заштитен објект, каде што ќе биде чуван овој парен котел, вели Николова.

Таа истакна дека во текот на овие дав месеца во најголемото Општинско Основно училиште „ Димитар Влахов“ ќе се реконструира и електричната инсталација, која се наметнала како една приритетна инвестиција. Што се однесува за ООУ „Тошо Арсов“ од општинскиот буџет ќе се изврши и промена на столаријата.

-Прозорците таму се во една посериозна состојба, што бара инвестирање во нивно заменување, рече Николова.

Таа истакна дека во остантите основни и средни училишта во тек се редовните активности за нивна санација пред стартот на новата учебна 2017-2018 година.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Август 2017
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize