Дома Настани Интензивно се гради обиколницата – Градоначалникот Захариев на увид
Интензивно се гради обиколницата – Градоначалникот Захариев на увид
Петок, 30 Јуни 2017 10:13

obikolnica 1Се интензивираат работите за изградба на мостот на Брегалница, кој е дел од планираната обиколница која треба да оди од булеварот „Гоце Делчев“, на крстосницата кај населбата Пребег, па до улицата „Борис Крајгер“ кај старото нервно одделение.

- Инвестицијата е околу 700 илјади obikolnica 2евра, средства комплетно обезбедени од општина Штип. Изведувачот „Актива“ работи интензивно, работите напредуваат многу брзо, се надеваме дека за месец дена ќе го поставиме дури и мостот на реката Брегалница. Сообраќајницата ќе биде околу 7 метри широка, две ленти по 3,5 метри, а ќе има и тротоар од 1,5 метар, изјави Илчо Захариев, градоналаник на Општина Штип.

Во моментов веќе се тампонира трасата, а мали измени ќе има и на улицата која доаѓа до местото на градба, која ќе се прошири според стандардите.

Веќе во втората фаза, на крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“, кај Пребег, ќе се изгради кружен тек, а планирано е и продолжување на улицата „Вељко Влаховиќ“ која ќе води се до бања „Кежовица“ во Ново Село.

obikolnica 3- Со тоа над 25 илјади жители кои живеат во населбите Сењак, Пребег, Автокоманда, Баби, како и сите индустриски капацитети кои добиваат скратување на патувањето, нема да биде оптоварена населбата Осми Ноември и Камениот Мост на реката Брегалница, напротив преку изградба на кружен тек на булеварот „Гоце Делчев“, ќе направиме максимално олеснување на сообраќајот, заштеда, така што оваа сообраќајница значи силна развојна компонента на нашиот град - изјави градоначалникот Захариев.

Сообраќајните рингови се воспоставена урбанистичка практика во големите европски градови, а овој ринг е прв во градот.

- Еден многу важенobikolnica 4 проект, правиме ринг околу нашиот град. Разредувањето во централното градско подрачје, подобрувањето на комуникацијата и пред се, давањето шанса на индустриските капацитети да имаат полесен пристап, значи многу за нашиот град, а ние стопанството го цениме многу - додаде Захариев.

Во моментов сообраќајни мостови на реката Брегалница има само два, а Штип како универзитетски и стопанствен центар на Истокот, има се поголеми проблеми со сообраќајот, па се очекува дека ваквото решение ќе допринесе кон олеснување на сообраќајниот товар на влезот во градот.Веќе има интерес и за изградба на станбени комплекси, а освен сообраќајницата, општината ќе изгради и неколку паркиралишта во индустриската зона.

Имајќи во предвид дека новиот пат ќе поминува низ траса која води низ паркиралишта во овој стопански дел на градот, паралелно со обиколницата се конструира и нов голем паркинг простор кој ќе биде замена за сегашниот со што ќе им се излезе во пресрет и на субјектите од овој дел на градот, вклучително и со мало поместување на позицијата на патот за побезбеден влез во дел од фабриките.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Октомври 2017
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize