Дома Настани Оддржана седница на Совет на Општина Штип
Оддржана седница на Совет на Општина Штип
Вторник, 27 Јуни 2017 11:51

sovet-opstina-stip-2Се оддржа 54.тата седница на Советот на Општина Штип. Усвоена е Предлог-Одлука за определување на членови на Советот на Општина Штип кои ќе присуствуваат при склучување на бракови, Предлог-Одлука за донесување ажурирана процена на загрозеноста на подрачјето на Општина Штип од сите ризици и опасности и Предлог-Одлука за давање согласност на Договорот за спроведување на проекти за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во источниот плански регион во рамките на ИПА 2.

Исто така усвоена е Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за учество на Општина Штип во реализацијата на проектот „Планински велосипедски рај”, Предлог-Одлука за донесување на ДУП за дел од населба Јужен реон 1, плански опфат помеѓу улиците: Првомајска, Димо Хаџи-Димов, улица ново планирана 1-Општина Штип (плански опфат 2,28ха) и Предлог-Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици во учебната 2017/2018 година во ООУ „Димитар Влахов“-Штип.

Советниците ја усвоија Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Здружение на Ромите „Черења“-Штип, Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Штип за период од 01.01.2016 до 31.12.2016 година и Локален акциски план на Општина Штип за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во Република Македонија 2017-2020 година.

Советот го усвои и Годишниот оперативен план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Општина Штип за 2017 година, потоа Извештај за реализација по Програмата на Совет на млади на Општина Штип за 2016 година, Извештај-Елаборат за проценета штета од природна непогода невреме од пороен дожд и поплави што ја зафати Општина Штип на 23 мај 2017 година и беа поставени советнички прашања.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Јули 2017
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize