Дома Настани Средба на градоначалникот Бочварски со претставници на USAID
Средба на градоначалникот Бочварски со претставници на USAID
Сабота, 24 Февруари 2018 14:06

USAID-1Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска оствари средба со претставници на USAID, меѓу кои и помошник Администраторот на Бирото за Европа и Евро-Азија во USAID Вашингтон, Брок Бирман. Средбата се одржа во просториите на Општина Штип, а на неа присуствуваа и директорот на USAID во Македонија, Дејвид Атебери и директорот на Канцеларија за развој во USAID Македонија, Едвард Гонзалес.

„Ги запознав претставниците на USAID USAID-2за сите проекти коишто почнуваме да ги реализираме со цел да им обезбедиме подобри услови на нашите сограѓани. Секогаш сакам да научам од подобрите, поразвиените земји од светот и останувам отворен за соработка и во наредниот период,“ истакна градоначалникот Бочварски, којшто ја искористи средбата за да потпише и Декларација против корупција.

„Воедно, потпишав и декларација против корупција, којашто верувам дека е еден убав поттик и за градоначалниците и за сите раководни функционери во Република Македонија да ја потпишат, со што ќе гарантираме дека ќе работиме и чесно и во интерес на сите граѓани во Република Македонија,“ посочи градоначалникот Бочварски.

Администраторот на Бирото за Европа и Евро-Азија во USAID Вашингтон, Брок Бирман, сподели пред медиумите дека е импресиониран од работата на градоначалникот Бочварски, за којшто рече дека е неверојатно прогресивен и ги поздрави неговите напори и постигнувања во толку краток период.

 USAID-3

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Јуни 2018
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize