Дома Настани ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ ОД 2017 ГОДИНА, ОПШТИНА ШТИП СПРОВЕЛА 36 ТЕНДЕРСКИ ПОСТАПКИ ВРЕДНИ 70 МИЛИОНИ ДЕНАРИ СО ВКЛУЧЕН ДДВ
ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ ОД 2017 ГОДИНА, ОПШТИНА ШТИП СПРОВЕЛА 36 ТЕНДЕРСКИ ПОСТАПКИ ВРЕДНИ 70 МИЛИОНИ ДЕНАРИ СО ВКЛУЧЕН ДДВ
Среда, 07 Јуни 2017 13:14

stip1За првите пет месеци од 2017 година, Општина Штип завршила вкупно 36 постапки а 9 се во тек. Врз основа на ова, од буџетот на локалната самоуправа се потрошени 59.6 милиони денари без вклучен ДДВ, односно 70.3 милиони денари со ДДВ. Ова на денешната прес конференција го соопшти Александра Ангеловска од Одделението за јавни набавки при Општина Штип:

- За капитални проекти инвестирани се 53.4 милиони денари, без вклучен ДДВ, или 63 милиони денари со ДДВ. Тука доминираат тендерски постапки за асфалтирање на улици низ градот и селата. За тековно одржување потрошени се 6.1 милион денари (без ДДВ) и тука влегуваат јавни набавки како што се за дезинсекција и дератизација, рушење на бесправно изградени објекти, надзор и проектирање, како и стоки и услуги потребни за редовно функционирање на општинската администрација. Најголем по вредност тендерска постапка е изградбата на обиколницата или патната врска помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Партизанска“ во вредност од 36.5 милиони денари (без ДДВ).Најмал по вредност е тендерот за технички преглед на возила во вредност од 28.229 денари без ДДВ.

Според Ангеловска, тековен проект е изградба на 1 км локален пат с.Шашаварлија – Кошево со проценета вредност од 3.3 милиони денари (со вклучен ДДВ) а во зависност од расположивите средства и остварените приливи Општината ќе ја реализира програмата за изградба и одржување на локални патишта.Исто така во тек се и други тековни тендери како што се набавка на екстра лесно масло, моторни бензини, превоз на ученици во средното образование и други.

Општина Штип неколку години наназад објавува извештаи за реализирани тендерски постапки со цел граѓаните да имаат увид каде се трошат нивните пари. Извештајот се објавува и на веб страницата на Општина Штип.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Ноември 2017
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize