Дома Настани Отворање информативна сесија на ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка
Отворање информативна сесија на ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка
Среда, 21 Февруари 2018 12:36

INTERREG-IPA-1Денеска градоначалникот на Општина Штип ја отвори информативната сесија на објавениот втор јавен повик за прибирање предлог-проекти за ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

„Програмата е навистина INTERREG-IPA-2за поздравување и нуди одлични можности, како за Општините, така и за сите останати заинтересирани страни, образовни институции, здравствени установи, јавни претпријатија, невладини организации и останати организации кои нудат поддршка на бизнис секторот, заеднички да подготвуваат и реализираат проекти од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина, развојот на туризмот и подобрувањето на конкурентоста на регионалните бизниси,“ истакна градоначалникот Бочварски во неговото поздравно обраќање.

INTERREG-IPA-4„Како Општина Штип аплицираме, активно учествуваме и соработуваме многу со бугарските општини. Имаме одлична соработка и надвор од овој проект со Општина Гоце Делчев. А, во делот на овој повик, ќе аплицираме со два проекти: целосна реконструкција на клон „Пчелка“ при градинката „Вера Циривири Трена“, при што целосно ќе ја замениме фасадата и начинот на загревање, со што ќе добиеме енергетски ефикасен објект; ќе аплицираме за уште еден проект за заштита од пожари за одобрување противпожарно возило и сета противпожарна опрема, за да ги заштитиме граѓаните од вакви непогоди,“ кажа во изјава за медиумите градоначалникот Бочварски.

Со општата цел на Програмата за зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу институциите и населението во регионот ќе се обезбеди надминување и изнаоѓање адекватни решенија за заеднички приоритетни прашања.

 INTERREG-IPA-3

--


 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize