Дома Настани Промоција на мерка – бесплатни бањски билети за пензионери
Промоција на мерка – бесплатни бањски билети за пензионери
Вторник, 20 Февруари 2018 12:52

Kezovica-bileti-1Денеска градоначалникот на Општина Штип беше во Бања Кежовица за да презентира уште едно исполнето предизборно ветување. Станува збор за ветените бесплатни бањски билети за пензионери.

„Зборот е збор! Ветивме и остваруваме. Секој вторник влезот во Бања Кежовица е слободен за пензионерите од територијата на Општина Штип,“ рече градоначалникот Бочварски. На претпоследната седница на Совет на Општина Штип е донесена Одлука секој вторник Kezovica-bileti-2да биде ден во кој пензионерите ќе можат да добијат слободен влез, односно бесплатно користење на општата бања. За да добијат бесплатен влез, пензионерите со себе треба да ја понесат пензионерската легитимација издадена од ЈП „Исар“.

Kezovica-bileti-3„Мерката којашто беше промовирана се спроведува веќе трет вторник. Првиот вторник 90 пензионери ја искористиле оваа мерка, вториот вторник 160 пензионери ја искористиле мерката,“ истакна градоначалникот Бочварски. Се очекува бројката да расте, а пензионерите да бидат задоволни од ваквата услуга. И понатаму ќе се работи на обезбедување поддршка и услуги за пензионерите, затоа што тие го дале својот придонес во градењето на нашето општество во минатото, а сега ние сме должни да им обезбедиме пристојна старост. 

 

--

Кабинет на градоначалник на Општина Штип

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Април 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize