Дома Настани Избор на градоначалникот Благој Бочварски за ко-претседавач на Делегација од РМ што ќе учествува во работата на ЗКК со ЕУ
Избор на градоначалникот Благој Бочварски за ко-претседавач на Делегација од РМ што ќе учествува во работата на ЗКК со ЕУ
Петок, 16 Февруари 2018 15:17

ko-pretsedavacВе известуваме дека денеска во просториите на ЗЕЛС се одржа првиот состанок на членовите на Делегацијата од Република Македонија кои ќе учествуваат во работата на Зaедничкиот консултативен комитет (ЗКК) со Европската Унија. Делегатите се запознаа со начинот на работа и значење на ЗКК, како и со реализираните и идни програмски активности.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, е именуван за ко-претседавач во име на Делегацијата од Република Македонија што ќе учествува во работата на Заедничкиот консултативен комитет со Европската Унија, претставуван преку Комитетот на региони.

Работата на ЗКК ја водат двајца ко-претседавачи, од кои, од страна на Република Македонија е избран Благој Бочварски, градоначалник на Општина Штип. Во име на Делегацијата од Комитетот на региони на Европската Унија, ко-претседавач е Јасна Габриќ, градоначалничка на Општина Трбовље, Словенија.

Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Европската Унија, претставуван преку Комитетот на региони, третира различни теми од области за кои ингеренции имаат локалните власти, меѓу кои можности за искористување европски фондови, рурален развој, енергетска ефикасност, децентрализација, живтона средина и сл. Делегатите на ЗКК можат и да разменуваат мислења околу годишни извештаи за напредокот на Република Македонија кон ЕУ, објавени од Европската комисија.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Мај 2018
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize