Дома Настани Општина Штип денес одбележа 100 години од раѓањето на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија
Општина Штип денес одбележа 100 години од раѓањето на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија
Среда, 03 Мај 2017 13:43

gligorov1Тој е најзаслужен што Македонија е единствена држава од поранешна СФРЈ која ја испрати ЈНА со потпишан договор, без ниеден испукан куршум и жртва. Во исклучително тешка ситуација успеа Македонија да избегне крваво сценарио и да стане членка на ООН, макар и со наметнатата описна додавка пред уставното име. Ако тоа не се направеше во 1993. година, лесно можеше да се случи Македонија сѐ уште да чека на прием во ООН - кажа во својот говор д-р Соња Николова од Општина Штип.

„Нека ни е честита слободна, суверена, самостојна Македонија!“

Со овие зборови тогашниот претседателgligorov2 Киро Глигоров им го честиташе референдумскиот резултат на граѓаните собрани на плоштадот во Скопје. Во сеќавање на неговите соработници, остануваат зборовите на Глигоров: „Колку тенкови или камиони на ЈНА вреди еден човечки живот? Нема да дозволам заради куп железо да ни гинат луѓе!“

Во 1995. година година преживеа атентат кој до денес не е расветлен.По завршувањето на двата мандата (1991 – 1999), автобиографската книга ја наслови со изјавата од неговиот инаугурален говор во Собранието: „Македонија е се` што имаме“. Она што не треба да се заборави, е дека и Македонија имаше политичар од голем формат каков што беше Глигоров.

- Глигоров е штипјанец, и треба да бидеме горди то долги години во Сојузното собрание на некогашна СФРЈ тој беше претседател, со големо искуство ја водеше Македонија во два мандати, беше наш, штипски претставник во највисоките антифашистички и револуционерни тела, човек кој мора да се почитува и заради визијата и заради преданоста на Македонија до последниот момент- кажа градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев.

gligorov3gligorov4

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Септември 2017
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize