Дома Настани Оддржана последната седница на Совет на Општина Штип
Оддржана последната седница на Совет на Општина Штип
Вторник, 02 Мај 2017 12:10

sovet-opstina-stip-2Се оддржа 53.тата седница на Советот на Општина на чиј дневен ред беа 32 точки и две информации.

Усвоени се Предлог-Одлуките за утврдување дека не се исполнети условите за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП 860 за КО Штип-1 со намената на бесправно изградениот објект,за КП 987 за КО Штип-1, потоа за КП 5969/1 за КО Штип-3, КП 1286/1 за КО Ново село-Штип, за КП 1436 за КО Брест, КП 344 за КО Суво Грло, КП 422 за КО Суво Грло, КП 1339 за КО Суво Грло, КП 2466/1 за КО Штип-2 со намената на бесправно изградените објекти.

Усвоена е Предлог-Одлука за отстапување на користењето и управувањето на училишната спортска сала на ООУ „Славејко Арсов“-Штип, потоа Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за користење на јавниот простор за паркирање на подрачјето на град Штип и Предлог-Одлука за доделување финансиски средства за интернационален ден на џез музиката и за финансиски средства на спортски клубови.

Исто така усвоена е Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, брегалничка православна епархија, православен митрополит брегалнички, Предлог-Одлука за давање согласност за склучување Договор за меѓусебни односи со Швајцарска агенција за развој и соработка и Предлог-Решение за предлагање член на Управниот одбор во Јавната установа-Меѓуопштински центар за социјална работа-Штип како претставник предложен од Советот на општината.

Советниците ја усвоија и Предлог-Програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Штип за 2017 година, Предлог-Програма за дополнување на Програмата за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Штип за 2017 година по што беа усвоени Извештај за реализирани активности на Општина Штип од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2017 година, Годишен извештај за работата на ФК „Брегалница 2008” АД Штип за период од 01.01.2016 до 31.12.2016 година и Годишна сметка на ОЈУДГ „Астибо”-Штип за 2016 година, на ООУ „Ванчо Прке”,на ООУ „Димитар Влахов”,на СОУ Гимназија „Славчо Стојменски”,на СОУ „Димитар Мирасчиев” и на Општинска установа за култура Дом на млади-Штип за 2016 година.

Усвоен е и извештајот за реализација на Годишната програма на Општинската установа за култура Дом на млади-Штип за 2016 година, Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2016 година, Годишен извештај за спроведување на програмата за развој на Центарот за развој на Источен плански регион 2015-2019 за 2016 година и Годишен план за вработување на ЈП „Стипион 2011“-Штип за 2018 година и Годишен план за вработување на ЈП „Исар“-Штип за 2018 година.

Освен совентичките прашања, на крајот беа разгледани и

Информативните извештаи, поточно Финансиски извештај 01.01.2014 до 31.12.2014 година на ФК „Брегалница 2008” АД Штип со извештај на назависен ревизор и Финансиски извештај 01.01.2015 до 31.12.2015 година на ФК „Брегалница 2008” АД Штип со извештај на назависни ревизори.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Ноември 2017
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize