Дома Настани Честитка од претседателот на Советот по повод Денот на здравството
Честитка од претседателот на Советот по повод Денот на здравството
Петок, 07 Април 2017 13:40

mitasev7-ми април, Светскиот ден на здравјето, е една од најдобрите прилики да се зголеми свеста за глобалните здравствени приоритети, и воедно да се нагласи важноста за инвестирањето во здравствената инфраструктура и квалитетен медицински персонал.

Во изминатите десет години инвестирани се над 200 милиони евра во опрема, реконструкција и изградба на нови болници и амбуланти што е важен сегмент во унапредување на здравството во Македонија. Во тие инвестиции спаѓа и Штип бидејќи овде се гради и нова клиничка болница што е можеби најважната инвестиција во здравството по повеќе од половина век ! Тоа е дополнителен момент кој ветува развој на здравствениот сектор.

Затоа, како претседател на Советот на Општина Штип, во име на Советниците, а пред се како долгогодишен здравствен работник, на сите колеги и здравствени работници им го честитам 7.април - Меѓународниот ден на здравјето со надеж за уште поголема мотивација и желба за успешна работа.

На сите граѓани на Штип им посакувам многу здравје, бидејќи без него се е залудно, и затоа ќе завршам со една изрека која најдобро го илустрира тоа: „Здравјето е како парите, никогаш немаме соодветна идеја за нивната вредност, се додека не ги загубиме.“

д-р Влатко Миташев

Претседател на Совет на Општина

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Календар

Ноември 2017
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize