Дома Настани Овозможување донација за ДСУ „Искра“
Овозможување донација за ДСУ „Искра“
Среда, 07 Февруари 2018 15:06

DSU Iskra-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, во соработка со невладината организација Hand Till Hand овозможи донација во вид на храна за учениците во ДСУ „Искра“.

Донацијата е во противвредност од 92.000 денари, а според потребите на училиштето, храната ќе се доставува најдоцна до крајот на тековната учебна година.

Помеѓу организацијата Hand Till Hand и Општина Штип е потпишан Меморандум за соработка со којшто ќе може заеднички да се аплицира за проекти кои ќе придонесат за интегрирање на лицата со посебни потреби во образовниот процес и нивна активна вклученост во секојдневните општествени активности, но и за проекти од други области, како и за организирање и спроведување хуманитарни активности и донации.

Во продолжение следи изјавата на градоначалникот:

- Денеска се наоѓаме воDSU Iskra-2 ДСУ „Искра“, кадешто заедно со невладината организација Hand Till Hand овозможуваме донација во вид на храна за учениците овде. Помеѓу организацијата Hand Till Hand и Општина Штип е воспоставена добра и цврста соработка преку Меморандум за соработка. Ова е веќе трета донација, првата донација беше во Клиничка болница Штип.

Сакам да изразам благодарност како градоначалник на Општина Штип што денеска тие донираат храна и прехранбени продукти за подобрување на оброкот во ова училиште. Тоа ќе трае од денеска па сѐ до крајот на учебната година и е во вредност од 92.000 денари.

Сакам да се заблагодарам и да ги повикам сите хумани луѓе да дадат поддршка, придонес, заради тоа што хуманоста е многу важна. Ние ќе продолжиме да соработуваме, Општина Штип ги става своите капацитети на располагање и во иднина и ќе соработува со сите оние коишто сакаат да помогнат на нашата институција и во нашиот град.

DSU Iskra-3

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Мај 2018
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize